X
 15.03.2024 Живот

Ова е најпосетуваното место во светот

Мултинационалната компанија за развој на недвижности „Емар“ тврди дека во 2023 година дури 105 милиони луѓе поминале низ овој трговски центар во Дубаи. Ова е зголемување од 19 отсто во споредба со 2022 година, кога низ трговскиот центар поминале 88 милиони луѓе.

Оваа милионска бројка е рекорд за овој трговски центар изграден во 2008 година, кој се простира на неверојатни 1.200.000 квадратни метри, веднаш до највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, која се наоѓа во делот од градот познат како Даунтаун Дубаи.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на популарни брендови облека, чевли, накит, часовници, електроника и слично каде што можете да купувате со часови. Кога ви треба одмор, можете да изберете еден од над 200 ресторани, кафулиња и други места за одмор.

Еден од поинтригантните ресторани што се нудат е дефинитивно кафе-барот „Реинфорест“, кој симулира џунгла во урбана средина со светлосни ефекти.

dubai
Фото: Wikipedia

Дубаи аквариум

Да се дојде до „Дубаи мол“ и да не се види нивниот монументален аквариум и подводна зоолошка градина би била вистинска штета. Аквариумот е исполнет со 10 милиони литри вода и е дом на 33.000 животни, од кои дури 300 се ајкули и раи. Цената на еднодневен билет за возрасни е околу 50 евра.

„Дубаи мол“ го посетуваат локални жители, но и туристи од целиот свет, особено од Европа, Кина и Индија. „Емар“ истакнува дека во првите два месеца од оваа година низ „Дубаи мол“ поминале околу 20 милиони луѓе, што значи дека рекордната посетеност би можела да продолжи и во 2024 година.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот