X
 15.04.2019 Наука

Пронајдени совршено зачувани отпечатоци од диносаурус

Низ годините истражувачите дознаа многу за анатомијата на диносаурусите, но има едно нешто што постојано се провлекува. Од сите траги од диносауруси што досега се откриени, многу малку, помалку од еден процент, покажале траги на кожа.

Тоа е сериозна мртва точка, особено кога мострите што ги прави овој орган се како отпечатоци од прсти, покажувајќи уникатни потписи на диносаурусите.

Наоѓањето совршено зачуван „отпечаток од прст“ на диносаурус би било големо нешто.

Палеонтолозите сега најдоа пет во Јужна Кореја.

Отпечатоците датираат од пред околу 120 милиони години и се невидено откритие. Секој отпечаток е извонредно зачуван со траги од кожа кои покажуваат совршена реплика на малото стапало на суштеството.

- Ова е прв пат совршени отпечатоци од кожата да ја покриваат целата површина на трагата - вели геологот Мартин Локли.

Се мисли дека отпечатоците му припаѓаат на најмалиот познат теропод, минисаурипусот. Долги само неколку сантиметри, овие отпечатоци откриваат текстура на кожа која личи на шмиргла.

Погледнете како изгледа тоа.

Фото: Science Alert

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука