X
 15.09.2023 Економија

На жител со просечна плата во Македонија му се потребни 201 година за да заработи еден милион евра

Интересна мапа споделена на страницата „Далмејшн мапер“ покажува колку години се потребни за жител од секоја европска земја да заработи милион евра.

Во подготовката на мапата била земена предвид просечната плата на секоја земја. На мапата, земјите во темносина боја се оние каде што се потребни најмалку години за да се стане милионер, а во оние со темноцрвена нијанса се потребни најмногу години.

Меѓу земјите каде што најбргу се стигнува до милион евра се Швајцарија (само 15 години), Исланд (22 години), Данска (26 години) и Норвешка (27 години).

На другата страна се Украина (230 години), Турција (214 години) и Албанија (208 години).

Според мапата, на жител со просечна плата во Македонија му се потребни 201 година за да заработи еден милион евра.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија