X
 15.11.2021 Живот

Започна номинирањето за „Жена на годината 2021“

Почнувајќи од денеска, па сѐ до 25.11.2021 година отворено е онлајн номинирањето во изборот „Жена на годината 2021“ во десет посебни категории.

Во номинирањето на кандидатките за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб-страницата www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК.

При самото номинирање, посетителите треба да ги земат предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат номинираните кандидатки:

1.Забележале значајни професионални резултати
2. Реализирале општествено значајни проекти
3.Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди.

Фазите во изборот „Жена на годината 2021“ и предвидената динамика може да се следат на следниов ЛИНК.

Прогласувањето на победничките по категории и овогодишната жена на годината ќе биде во рамките на настанот „200 жени претприемачки“ што ќе се одржи на 15.12.2021 во Скопје. Деталите за локацијата и почетокот на настанот ќе бидат дополнително споделени со јавноста.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот