X
 25.01.2016 Наука

Нов материјал кој собира сончева светлина и ослободува топлина

Како што соларната енергија станува се` поголем дел од нашиот заеднички енергетски микс, научниците работат на поефикасен начин за складирање на енергијата на сонцето за употреба во текот на ноќта или кога е облачно.

 

materijal


Сега, развиен е нов вид на материјал кој може да го прави токму тоа - да ја складира сончевата енергија кога е во изобилство и подоцна да ја ослободи како топлина, доколку е потребно.

Овој транспарентен полимер е развиен од тимот на научници од Институтот за технологија во Масачусетс, а може да биде применет на многу површини, вклучувајќи стакло и облека. Замислете топол џемпер кој ве топли насекаде, па нема да морате насекое да приклучувате греење. Или шофершајбна која може да го стопи мразот на вашиот автомобил, без да мора да станувате порано и да го чистите, благодарение на енергијата која ја собра претходниот ден.

„Ова дело претставува возбудлива можност за симултана енергија која собира и складира во рамките на еден материјал. Овој пристап е иновативен и препознатлив“, вели Тед Сарџент, од Универзитетот во Торонто.

Голем број иницијативи за складирање на соларна енергија се фокусираат на конвертирање на соларната енергија во електрична енергија, и зачувување на електричната енергија за подоцнежна употреба. Наместо тоа, овој пристап користи хемиска реакција која произведува топлина отколку енергија: на овој начин енергијата може да биде зачувана во стабилна молекуларна конфигурација, додека не биде подготвена за распоредување.

Клучот за овој процес е молекулата која може да остане стабилна во една од две конфигурации. Сончевата светлина оди во долготраен „наполнат“ режим, а потоа друг стимул - како што е светлината, топлината или електричната енергија - се користи за да се врати во оригиналниот ненаполнет „режим“, а резултатот е топлината.

Ваквите соларни термални горива се и претходно развиени, но овој нов метод е првиот кој се базира на тврд материјал, а не течен, а тоа може да направи разлика за сите во однос на тоа како би можел да се користи. Уште подобро, направен е врз основа на евтин материјал.

Истражувачите продолжуваат да ја „дотеруваат“ постоечката формула: тие сакаат да ги отстранат жолтеникавите нијанси кои моментално ги има полимерот, и да го зголемат нивото на топлина од 10°C до 20°C. Една од првите практични употреби може да е во електричните автомобили, кои често пати го намалуваат движењето во студени временски услови поради потребата од екстра енергија потребна за греење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука