ДНК е изворен код кој одредува кои сме и зошто сме такви. Но, дали постои еден заеднички ген кој го имаат сите успешни луѓе?
Постојат карактеристики кои ќе ги пронајдете кај успешните луѓе, доколку би можеле да влезете во суштината на нивната ДНК.
1. Насоченост кон поставување високи цели и стандарди
Просекот и моменталната состојба никогаш не ги задоволуваат. Постојано бараат начини како да бидат подобри. Нивната цел е да се искачат високо - и да не се успешни, сепак да се секогаш подобри од останатите.
2. Способноста да се фокусираат на постигнување на целите
Често се случува во текот на постигнувањето на целите да го изгубиме патот. Но, успешните луѓе се доста фокусирани и внимателни и тоа никогаш не им се случува.
3. Подготвени се да се жртвуваат за успех
Кога е тешко, многу луѓе се откажуваат. Успешните луѓе одат понатаму и прават се` за постигнување на успехот. Кога им е најтешко, се потсетуваат што се` може успехот да им донесе и во тој момент се подготвени и да направат жртва.
4. Упорност
И тогаш кога имаат финансиски потешкотии, кога луѓето се сомневаат во нив, кога се уморни и кога многу луѓе се откажуваат, успешните луѓе одат понатаму.
5. Висока самодоверба
Успешните луѓе знаат дека на патот до целта потребна им е помош. Свесни се за своите грешки и немаат проблем да признаат дека згрешиле.
6. Подготвеност да им помогнат на другите
Успешните луѓе знаат да им помогнат на другите, за и тие да бидат успешни.