X
 30.01.2016 Здравје

Доењето може да спаси 800.000 животи годишно

Мајчиното млеко го прави светот поздрав, попаметен и поеднаков. Ова се заклучоците на нов извештај за доење низ светот.


Годишно, би можеле да се спречат 823.000 смртни случаи на деца и 20.000 смртни случаи на мајки низ светот со универзално доење, како и економската заштеда од 300 милијарди долари.

Извештајот ги потврдува поволностите на доењето во поглед на намалување на инфекциите, зголемување на интелигенцијата, заштита против зголемена тежина и дијабетес и спречување на рак кај мајките. Извештајот ја претставува досега најдеталната анализа за бенефициите од доењето.

Извештајот е разбирлив, но пораката не е нова. Во 2013 година беше објавен податокот дека преку доењето би можеле да се спречат 800.000 смртни случаи на деца годишно.

Инаку, доењето е едно од малкуте практики добри за здравјето кои се почести во сиромашните земји отколку богатите. Во сиромашните земји, повеќето новороденчиња дојат по 1 година од раѓањето, во споредба со помалку од 20% во богатите земји.

Причините поради кои жените го одбегнуваат доењето се разликуваат од медицински, културни и психолошки, до физичката непријатност и сл.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје