X
 04.02.2016 Живот

Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?



Во Македонија во четврток не` очекува претежно облачно и релативно топло утрo Во текот на денот облачно со врнежи од дожд, засилен ветер а на планините врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Во доцните попладневни и во вечерните часови се очекува осетно опаѓање на температурите што ќе услови врнежите од дожд над 400 метри надморска висина да преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури од -2 до 5 степени, а максималните дневни од 4 до 16 степени.

Во Скопје во четврток наутро и претпладне ќе биде претежно облачно, ветровито и топло. Попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд, постудено и засилен северозападен ветер. Минималната температура од 2 степени, а максималната до 9. 

Во Македонија во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено со дневни температури од 0 до 10 степени. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Во деновите од викендот, односно во сабота и недела ни се враќаат студените утра со ниски утрински температури, особено студено ќе биде во недела кога утринските температури ќе се движат од -8 до -1 степен. Додека пак максималните дневни во сабота од 2 до 12, а во недела од 4 до 14 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 6 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот