X
 28.03.2016 Наука

Внатрешноста на најзначајната и најголема лабораторија во светот


На некои 100 метри под границата меѓу Франција и Швајцарија се наоѓа најголемата машина во светот - Големиот хадронски судирач. Тоа е местото кадешто беше откриен Хигсовиот бозон во 2012 година.

Со судирачот, физичарите создаваат услови слични на оние по Големата експлозија, ги истражуваат основните делови од кои се состои универзумот и бараат нови откритија за темната енергија и темната материја присутни насекаде во вселената.

Би-Би-Си нè носи директно во длабочините на ЦЕРН со видео со кое секој може да ѕирне во најголемата лабораторија во светот. Погледнете сега бидејќи наскоро може да читаме за ново откритие направено токму тука, кое може да биде најголемото откритие досега.

Во видеото погледнете ја внатрешноста на судирачот во 360 степени.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука