X
 20.05.2016 Живот

Најсмртоносните авионски несреќи во последните децении

Летот на „EgyptAir“ од Париз во Каиро исчезна од радарот вчера наутро со 66 патници. Низ историјата на авионските летови, се случиле многу лоши авионски несреќи, а ова се најлошите во последниве децении.

 

avion


24 март, 2015 година: „Germanwings“ лет 9525, 150 мртви

Летот 9525 со 150 патници и членови на екипажот се урна во француските алпи на пат од Барселона до германскиот град Дизелдорф. Се претпоставува дека сите патници се мртви.

28 декември, 2014 година: „AirAsia“ лет 8501, 162 мртви

Летот 8501 на пат од Сурабаја, Индонезија до Сингапур полета во Jaванското море помалку од еден час после полетувањето поради силната бура. Загинале сите 162 патници и членови на екипажот.

17 јули, 2014 година: „Malaysia Airlines“ лет 17, 298 мртви

Летот „Malaysia Аirlines“ беше соборен од бунтовниците во источниот дел на Украина. Авионот носел 283 патници и 15 членови на екипажот, а се урнал откако бил погоден од проектил од област контролирана од страна на руските сепаратисти.

8 март 2014 година: „Malaysia Airlines“ лет 447, 239 мртви

Овој лет исчезна за помалку од еден час после полетувањето. Авионот летал на релација од меѓународниот аеродром во Куала Лумпур до Пекинг, а исчезнал над Индискиот Океан со 239 патници и членови на екипажот. Иако потрагата по исчезнатиот авион продолжува, не постојат податоци за потврдување на местото на несреќата.

1 јуни 2009 година: „Air France“ лет 447, 228 мртви


Авионот паднал за време на летот од Рио де Жанеиро до Париз, со што загинале сите 216 патници и 12 членови на екипажот. Пребарувањето било попречено бидејќи авионот паднал во длабокиот дел на Атлантскиот океан.

12 ноември, 2001 година: „American Airlines“ лет 587, 265 мртви

Само два месеци после терористичките напади на 11 септември, летот 587 на пат до Доминиканската Република се урна во Квинс, откако полета од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди. Сите 260 патници загинаа, а настрадаа и 5 луѓе на земјата.

25 јули, 2000 година: „Air France Concorde“ лет 4590, 113 мртви

Метална лента на „Continental DC-10“ падна на пистата во Париз и погоди гума на „Concord“. Делови од гумата влегоа во резервоарот за гориво, со што предизвика оган кој го собори авионот и уби 109 патници на авионот и 4 лица на земјата.

31 октомври, 1999 година: „EgyptAir“ лет 990, 217 мртви

Летот 990 од Лос Анџелес до Каиро се урна во Атлантскиот Океан, при што загинаа сите 217 лица во авионот. Истрагата од страна на Националниот одбор за безбедност открила дека египетскиот пилот намерно го соборил авионот. Сепак, египетската Агенција за цивилно воздухопловство утврдила дека авионот се урнал поради механички дефект.

2 септември, 1998 година: „Swissair“ лет 111, 229 мртви

Сите 229 патници загинале откако авионот летајќи од Њујорк до Швајцарија, се урнал во Атлантскиот Океан југозападно од Халифакс, Канада. Капетанот не бил во можност да го запри огнот кој започнал над таванот на кабината и на крајот изгубил контрола над авионот поради ширењето на пожарот и чадот.

17 јули, 1996 година: „TWА“, лет 800, 230 мртви

Авионот летал од Меѓународниот аеродром Џон Ф.Кенеди во Њујорк во Париз кога експлодирал во близина на Лонг Ајленд, при што загинале сите 230 патници. Првично постоеле сомненија за тероризам, но четири годишната истрага открила дека имало експлозија на резервоарот за гориво предизвикана од краткиот спој во инсталацијата и ова било потврдено и како причина за несреќата.

21 декември 1988 година: „Pan Am“ лет 103, 270 мртви

Летот 103 експлодирал набргу после полетувањето од аеродромот Хитроу во Лондон на 21 декември 1988 година. Сите 243 патници и 16 членови на екипажот, загинале во бомбашкиот напад кој бил терористички заговор.

12 август, 1985 година: „Japan Airlines“ лет 123, 520 мртви

Кратко време после полетувањето од Токио за Осака, летот 123 се соочил со експлозивна декомпресија, но бил во можност да остане во воздух повеќе од 30 минути пред да се урне во оддалечена област во Гунма Префектура, Јапонија. Од 524 патници во авионот, само 4 преживеале.

25 мај 1979 година: „American Airlines“ лет 191, 273 мртви

Моторот на левото крило излетал пред полетување од Чикаго O'Харе аеродромот. Во воздухот бил само неколку секунди, и паднал прво со носот на земјата при што загинале 273 патници.

27 март 1977 година: Судир на „KLM“ и „Pan Am“, 583 мртви

Една од најголемите комерцијални авионски несреќи се случиле во близина на брегот на Западна Африка на островот Тенерифе при што загинале 583 луѓе. Двата Боинг 747, се судриле во густата магла на аердоромот во Лос Родеос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот