X
 17.06.2016 Живот

Како да станете ментално посилна личност?

Високиот стрес кои го носат работните места се поврзани со вашите перформанси, а ако не сте добри во вашата работа тогаш следуваат лоши последици.

 

mozok


Тука спаѓаат претприемачите, трговците со акции, менаџерите, професионалните спортисти, забавувачите, лекарите, медицинските сестри, полицајците, пожарникарите, војниците и други.

Во овие високо стресни професии, менталната цврстина е она во кое се разликуваат луѓето кои се успешни и оние кои не се.

Добро познати примери за ментално силни личности се Стив Џобс и Џек Велс во бизнисот, Хари Труман и Роналд Реган во политиката, Колин Пауел и Даглас Мекартур во армијата, Пит Керол и Бил Беличик во тренирањето и Серена Вилијамс и Ронда Роусеј во областа на спортот.

Да се биде ментално цврста личност значи да преземете контрола врз вашите мисли, чувства и ставови додека сте под притисок. Таа е поврзана со дисциплинираноста како размислувате, како ги распоредувате вашите емоции и како се справувате со грижите, стравовите и сомнежите. Менталната цврстина е јасност, фокус и самодоверба и доаѓа од преземањето на целосната контрола врз себеси. Како? Всушност, полесно е отколку што звучи.

Преземање контрола

Замислете се себеси како извршен директор на ваша компанија. Вашата задача е да го натерате одборот на директори да дејствува усогласено со она што го барате. А одборот на овие директори е составен од: вашето тело, вашиот ум и вашите емоции.

Кога ќе имате состанок со одборот, кој член обично победува? Дали некогаш сте направиле одлука врз основа на вашите чувства за време на стрес? Кај скоро 99% од населението, владеат емоциите. Кај ментално цврстите луѓе мозокот е тој што владее.

За бизнис претприемачите, емоционалните одлуки ќе донесат загуби. За спортистот, емоционалните одлуки ќе донесат понижување. За војниците емоционалните одлуки ќе ги повредат или полошо, можат да ги убијат.

Правило број еден во менталната цврстина е да престанете да донесувате одлуки врз основа на емоциите и наместо тоа, да донесувате врз основа на логика и причина.

Првиот одговор

Кога повикуваме полиција, пожарникари или брза помош, лицето кое се јавува, односно операторот никогаш не паничи и не вели: „Ох Боже! Ти си во голема неволја!“. Секако дека не. Тие одговараат смирено и контролирано: „Кој е вашиот итен случај?“

Тие поставуваат прашања, собираат податоци и информации. Откако ќе ги соберат потребните информации, тие испраќаат информации до оние кои прво ќе одговорат и кои формулираат вистински план за одговор, а не реакција.

Половина од вашиот мозок


Невронаучниците со мапирање преку магнетна резонанца откриле дека кога една личност е во страв, сомнеж и грижи, половина од мозокот „се исклучува“. Делот од мозокот кој ви е потребен за решавање на проблемот е исклучен. Но, ментално силните луѓе го тренираат нивниот мозок да остане активен и да се насочи кон пронаоѓање на решението.

Две минутното правило


Се' што треба да направите е да станете оној кој прв ќе одговори, а не оној кој прв ќе изреагира. За ова се потребни само две минути.

Две минутното правило ви дава когнитивен простор да станете оној кој прв ќе одговори, а еве како функционира. Кога ќе го слушнете внатрешниот глас кој вели: „Тоа е невозможно“ или „Нема да спее“, или „Не знам што да правам“, свесно прекинете го вашето неверување на две минути и наместо тоа кажете си: „Да, невозможно е, но ако беше возможно како би го направил?“ или „Да, не знам што да правам, но ако знаев, како би го направил?“

Со тоа што си давате себеси време, му давате можност на мозокот повторно да се активира, и си давате себеси време да ја одделите емоцијата од логиката. Вашиот ум сега има време и простор да преземе целосна контрола.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот