X
 20.07.2016 Економија

Илјадници жители ја напуштаат Венецуела поради недостаток на храна

Колапсот на Венецуела во неред е невиден со децении. Изминатиот викенд недостатокот бил толку лош што Владата ги отворила границите со соседот Колумбија за да им дозволи на граѓаните да одат и да купат лекови и храна.


За целосно искористување на овој привремен спас, најмалку 100 000 луѓе ја имаат поминато границата, полнејќи ги автобусите и хотелите. Се започнало од 1999 година кога претседателот Хуго Чавез дошол на власт. Неговата нова конституција ја снижи сиромаштијата во ниската и средната класа, земајќи ги нафтените полиња во државна власт.

Во првата половина од последната деценија, животниот квалитет на жителите се подобрил, и сиромаштијата паднала на скоро половина. Тогаш паднале цените на нафтата. Без овие финансиски примања, Венецуела морала да печати повеќе пари.


Инфлацијата излегла од контрола и валутата паднала за 400% а се очекува 1640% во 2017 година. Хиперинфлација е кога инфлацијата е толку висока што луѓето не сметаат дека валутата има вредност па затоа почнуваат да трошат најбрзо што можат, и да прават залиха од храна бидејќи се загрижени дека можеби утре нема да можат да си ја дозволат.

Ова предизивкува недостатоци што ги има многу во Венецуела бидејќи Владата им ја предала целата храна на војската да ја поделат. За жал, Венецуела има лоша историска врска со САД па не може да земе заем од Интернационалниот монетарен фонд.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија