X
 17.08.2016 Наука

Воскреснување од мртвите со помош на матични клетки?

На „Биокварк“ - биотехничка компанија со седиште во САД, и е дадено зелено светло за да започне со истражување врз 20 пациенти на кои им е констатирана мозочна смрт. Целта е да се стимулираат и да се регенерираат невроните, што значи буквално враќање од мртвите.



Ова е нова и нетестирана технологија, што кажува дека се работи за контроверзна студија. Со имплантирање на матични клетки во мозокот на пациентот и третирање на 'рбетниот мозок со инфузии со хемикалии, како и техники за стимулација (кои се покажале како позитивни во будење на пациенти западнати во кома), научниците се надеваат дека ќе го „рестартираат“ мозокот и повторно ќе започнат нервните активности.

Резултатот од сето ова ќе биде оживување на луѓето.

Не постојат многу докази дека ова ќе успее, иако во студијата е вклучен добро познат невролошки истражувач кој ја има улогата на панел експерт во целокупното истражување.

Менаџерот на „Биокварк“ Ира Пастор, вели дека се комбинираат билошките регенеративни медицински алатки со останатите медицински апарати кои се користат за стимулација на централниот нервен систем – се работи за доста комплексна иницијатива, која се надеваат дека ќе даде резултати во првите два до три месеци.

Од компанијата велат дека се работи за нивна долгорочна визија преку која гледаат можност за комплетно заздравување на пациентите со мозочна смрт.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука