X
 24.08.2016

Дали кокошките може да ги заштитат луѓето од маларија?

Се чини дека кокошките можат да ги одбранат луѓето од комарци кои пренесуваат маларија, што е смртоносна болест, предизвикана од паразит што живее во крвта. Женките комарци може да го носат паразитот и да го рашират кога ги каснуваат луѓето или животните, што кај луѓето предизвикува оштетување на белите дробови и мозокот. Само во 2015 година маларијата предизвика труење кај околу 214 милиони луѓе, а околу 438.000 луѓе умреле најмногу во Африка, каде болеста е најчеста.

 

Комарците кои предизвикуваат маларија го користат нивното сетило за мирис, а нивната жртва може да биде крава, коза, овца или човек. Она што е интересно  да се забележи дека комарците немаат интерес за кокошките. Всушност мирисот на овие птици им е одбивен.

 

 

 комарците кои пренесуваат маларија бегаат од кокошки

 

 

Научниците од Шведскиот Институт за Земјоделски Науки во Упсала, Шведска и Универзитетот “Addis Ababa“ во Етиопија го извршија ова истражување неодамна, а нивната студија беше објавена на 21 Јули во списанието Malaria Journal.

 

“Луѓето велат дека комарците не се грижат што јадат. Но, ние пронајдовме дека всушност имаат начини да прават дискриминација помеѓу добра и лоша крв, а за го направат тоа го користат сетилото за мирис“- вели Рикард Игнел,  екологист на Шведскиот Универзитет за Земјоделски Науки.

 

Неговиот тим направил истражувања во 3 села во Етиопија. Луѓето што живееле во овој дел од Источна Африка ги делеле своите колиби со добитокот. Комарците во овој случај преферираат човечка крв, беше откриено преку студијата. Во надворешни околности комарците се хранат со случаен избор на говеда, кози и овци.

 

Научниците сé уште не знаат зошто комарците се хранат со различни животни внатре и надвор, но она што со сигурност го знаат е дека инсектите секогаш избегнуваат кокошки.

 

“Пораката која ја испраќаме е дека може да се заштитите себеси доколку имате многу кокошки наоколу“- вели Игнел.

 

Научниците знаеле дека комарците го користат сетилото за мирис при наоѓање на жртва. Па така тие одлучиле да ја тестираат миризбата што сите животни од фармата ја произведуваат. Истражувачите собраа кожа, волна и пердуви од различни животни. Хемикалиите во материјалите го дадоа истиот вид на уникатен мирис од секое животно. Така научниците ги анализирале мирисни соединенија што животните ги даваат.

 

Кокошките произвеле 4 хемикалии, што никој од другите животни ги немале. Потоа научниците ја тестирале секоја хемикалија за да видат дали комарците ќе бегаат. За да го направат тоа тие поставија стапици за инсекти во 11 колиби за една недела и половина. Секоја од стапицата беше пластичен цилиндер со внатрешен вентилатор што ги вовлекува комарците доколку летаат во негова близина.

 

Научниците поставиле различни стапици со мирисните соединенија на говеда, кози, овци и кокошки. На левата страна комарците се приближиле до стапицата со миризбата на кокошките во домот на еден селанец во Етиопија. На десната страна имало кафез со кокошки кои биле во близина на стапицата за комарците. И во двата случаи комарците биле одбиени од миризбата на кокошките, па така ги избегнале двете стапици.


 

 

 комарците бегаат од кокошки

 

 

За да бидат сигурни дека комарците ќе влезат внатре во колибата, по еден волонтер спиеел во секоја колиба. Комарците го следеле мирисот на луѓето и се обиделе да влезат внатре, а кога не успеале да поминат преку мрежата тие заминале. Мирисните стапици биле закачени веднаш покрај мрежата до креветот. Наутро стапиците со мирисните соединенија од говеда, кози и овци биле полни со комарци. Но во стапиците со кокошките немло ниту еден.

 

Ричард Хопкинс е научник кој проучува како инсектите се однесуваат, а  работи на Универзитетот на Гринч во Кент, Англија. “Оваа студија е одличен пример за тоа што научниците може да постигнат кога внимателно се движат од еден заклучок до друг“ изјавил Хопкинс.

 

По ова откритие Игнел и неговиот тим се прашувале зошто комарците одбегнувале кокошки, за што сé уште немаат сигурни сознанија. Може да е во прашање фактот дека кокошките јадат комарци, што не е случај со говедата, овците, козите и луѓето.

 

Игнел се надева дека други научници би откриле како да го користат мирисот од кокошката за да спречат комарците да дојдат до луѓето. На пример тоа може да биде да се стави миризливата материја во восок или пластика која ќе го шири мирисот во воздухот или може да се открие дали овие мирисни соединенија може да се најдат кај одредени растенија. Така луѓето би можеле да ги одгледуваат и да стават букет од нив  пред колибите за да се заштитат. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk