X
 09.01.2019 Наука

Наскоро ќе може да се контролира размножувањето на комарците?

Истражувачи од Универзитетот на Аризона соопштија дека оствариле голем напредок во развојот на средство за контрола на размножувањето на комарците, чија цел е спречување на ширењето маларија и други болести одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно.

Тие откриле протеин кај женките комарци кој, доколку се блокира, положените јајца се со аномалии што предизвикува умирање на ембрионот во нив. Така ќе се уништат голем дел од комарците, но не и други, корисни инсекти како што е пчелата.

 - Ова е важно откритие. Со него се елиминира отпорноста на комарците и има многу поголеми шанси да биде биобезбеден (за  разлика од други слични методи) - изјави Ројзер Мајсфелд, шеф на универзитетскиот Оддел за хемија и биохемија, .

Според Светската здравствена организација (СЗО), од околу 216 милиони луѓе што заболеле од маларија во 2016 година, дури 445.000 починале, претежно бебиња и мали деца во Супсахарска Африка. По маларијата следуваат вирусот зика, жолтата треска, чикунгуња, западнонилската треска и денгата, кои последниве децении се во постојан пораст.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука