X
 25.08.2016 Живот

Напишала писмо изразувајќи благодарност до нејзиниот одамна починат учител

За Гвен нејзиниот наставник нé влијаел врз неа само со тоа таа да научи за периодичниот систем на елементи, туку ја разбудил и инспирацијата и љубопитноста во неа. Ова е писмото што таа го напишала за да му изрази благодарност.

напишала писмо до нејзиниот починат учител

Драг Г-не О. Ј. Фолс,

Знам дека починавте пред многу години, но можеби некој друг што ќе го прочита ова писмо ќе го стори она што јас не можев, пред да биде предоцна. Сакам да знаете дека направивте разлика во мојот живот и сакам да ви кажам: “Благодарам“.

Кога ми предававте општа наука во средното училиште “Patterson“ вие ја разбудивте љубопитноста во мене да научам за сé во мојот универзум. Не само нешта од општата наука, туку за сé што беше околу мене. Моето прашање беше и сеуште е: Зошто?

Знам дека некогаш го полудував татко ми, особено кога правеше некои работи низ домот или го поправаше автомобилот, со моите прашања: Што е тоа? За што се користи? Зошто тоа не направиш на тој начин? Зошто, зошто, зошто? Тој толку се уморуваше од моите прашања што ми велеше дека му треба пауза и ми советуваше: “Оди во куќата Гвен“.

Единственото на што сега можам да се сетам од вашите часови е како да идентификуваме различни видови на облаци и на елементите од периодичниот систем. Моето сеќавање не се однесува на содржината на часовите, туку на тоа што бев инспирирана да прашувам, да бидам љубопитна и да гледам на проблемите како предизвици за кои постои решение, знаење што ме служеше многу добро низ текот на годините.

Кога погледнувам кон небото и се фокусирам на формата на облаците, информирајќи ги другите дека овие облаци така се нарекуваат, можам да видам во нивните очи восхит. Но понекогаш, некој од моите внуци со внимание и искри во очите ќе ме праша: “Како го знаеш тоа?“ Јас на тоа велам: Имав учител кој ме научи на тоа.

Со Почит,
Гвен Мекнели
Подготвил: Светлана Петковска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот