X
 31.08.2016 Живот

Совети за безбедно возење со вашите деца

Патувањето со деца може да биде забавно, и за вас и за нив. Секако, најважното нешто кое треба да го имате во предвид е вашата обврска да обезбедите сигурност за децата.

 

деца


Додека не можете да имате контрола над другите возачи, можете да се осигурате децата да се добро заштитени во вашиот автомобил. Ова се неколку едноставни чекори кои треба да ги направите за да се осигурате дека вашите деца се добро заштитени во вашиот автомобил.

1. Појас -
Иако се чини доста едноставно, голем дел од луѓето не ги користат појасите и покрај големата корист од нив. Истражувањата покажуваат дека безбедносните појаси спасиле 329.715 животи во изминативе 50 години. Дополнително на тоа, несреќите со моторно возило се водечка причина за смрт кај тинејџерите - половина од нив не носеле сигурносен појас.

2. Седиште - Децата под 12 години секогаш треба да се возат на задното седиште во соодветно детско седиште или со безбедносен  појас.

3. Безбеден автомобил -
Осигурајте се дека вашиот автомобил е безбедно место. Не ставајте ништо тешко позади задните седишта. Тешките предмети ставете ги на подот.

4. Обезбедете го седиштето на децата - 73% од детските седишта во автомобилите се неправилно наместени и не доволно безбедни. За да бидете сигурни дека седиштето е правилно наместено, внимателно следете ги инструкциите кои доаѓаат со него.

5. Немојте да пишувате пораки на телефон додека возите
- Сите знаеме за привлечноста на известувањата на мобилниот телефон, меѓутоа добро би било да се воздржите и да не ги читате пораките и да не враќате на нив. Ставете го телефонот во „airplane mode“, намалете го гласот, исклучете го или ставете го настрана. Одвлекувањето на вниманието додека возите не само што ги става луѓето во опасна ситуација, туку и ги учи младите луѓе на лоша навика.

6. Никогаш не ги оставајте децата сами во/околу автомобилот - Во никој случај не го оставајте вашето дете затворено во автомобилот бидејќи може да предизвика катастрофални последици.

Исто така, многу деца умираат играјќи во близина на автомобилите или се удрени од задниот дел на автомобилот. Бидете екстремно внимателни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот