X
 20.09.2016 Живот

Тринаесеттиот хороскопски знак


Знаете ли дека според новите теории постои и тринаесетти хороскопски знак?


Кога професорот по астрономија, Парк Кaнкл, пред неколку години објави дека заради промените во положбата на Земјата се измени и  положбата на констелациите, а со самото тоа и хороскоските знаци, многумина сметаа дека станува збор за занесеник кој шири невистинити информации.

Меѓутоа НАСА даде потврда на неговата теорија. Попрецизно, тие потврдија дека положбата на Земјата е променета во однос на периодот кога  Вавилонците го измислија древниот хороскоп и според својот календар го поделија на 12 знаци. НАСА исто така потсетува дека Вавилонците од сè уште непознати причини ја изоставиле од хороскопот тринаесеттата констелација именувана како Ophiuchus или Змијоносец.

Според теоријата на Кaнкл, луѓето родени во периодот од 29 ноември до 17 декември во хороскоп се Змијоносци.

Змијоносците се импулсивни, темпераментни, паметни, имаат магнетска привлечност и сакаат моќ.  Во длабочината на срцето се исцелители  кои сакаат да ги обединат луѓето и меѓусебно да ги зближат.

Секогаш се во потрага по знаење и мудрост  и имаат силна интуиција. Честопати наидуваат на недоразбирање заради својата силна индивидуалност. Креативни се и поседуваат бројни  таленти.

Во продолжение погледнете ги датумите од хороскопот според Канкл:

Јарец  (20 јануари – 16 февруари)
Водолија  (16 февруари – 11 март)
Риби  (11 март – 18 април)
Овен  (18 април – 13 мај)
Бик  (13 мај – 21 јуни)
Близнаци  (21 јуни – 20 јули)
Рак  (20 јули – 10 август)
Лав  (10 август – 16 септември)
Девица  (16 септември – 30 октомври)
Вага   (30 октомври – 23 ноември)
Шкорпија  (23 ноември – 29 ноември)
Змијоносец  (29 ноември – 17 декември)
Стрелец  (17 декември – 20 јануари)


Зодијак
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот