X
 17.03.2018 Наука

НАСА: Нема спас ако „Бени“ тргне кон Земјата

Човештвото можеби нема да биде во состојба да ја одбрани Земјата од огромниот астероид „Бени", голем како Емпаер стејт билдинг, кој би можел да ја погоди планетата во 2135 или 2175 година. Научниците сметаат дека ниту најнапредната технологија нема да може да уништи толкава вселенска карпа.


Фото: Buka

Последиците би биле страшни, предупредуваат експертите, а постои и страв дека астероидот може целосно да го уништи животот на Земјата. Се разгледува и можноста за користење на посебно проектиран вселенски брод кој со нуклеарни оружје би ги уништил потенцијално опасните космички објекти. НАСА и американската Национална управа за нуклеарна безбедност претставија план за вселенски брод од 8,8 тони, кој директно би удрил во помали или би разнел поголеми астероиди со помош на нуклеарен уред. Овој план е составен врз основа на потенцијален ударен удар од 500 метри широкиот и 60 милиони тони тешкиот астероид „Бени", кој моментно е одредница на НАСА за собирање на примероци.

Иако нема ризик дека „Бени" во некое догледно време би удрил во Замјата, постои веројатност од еден наспроти 2.700 дека тоа може да се случи во текот на следниот век. Испраќањето на повеќе вселенски бродови пред астероидот може да го ублажи или да му ја смени насоката за да се избегне ударот во Земјата. Ако условите не се погодни за користење на пресекувачи, останува само нуклеарното оружје како последна опција, посочуваат научните портали.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука