X
 28.09.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е среда, 28 септември 2016 година, 272-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:22, а ќе зајде во 18:23 часот. Денот ќе трае 12 часа и 00 минути.

Денот го започнуваме со уште едно ведро и студено утро, но во текот на денот не очекува потопло време. Насекаде над Македонија е ведро без никаква облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во среда по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло време од вчера. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер, а во крајните западни предели и источен ветер. Утринските температури од 0 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 27 степени. Воздушниот притисок ќе го продолжи трендот на пораст и ќе има вредност околу 1028 хектопаскали а ув индексот ќе изнесува 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток сончево и потопло време со температури кои ќе бидат повисоки од прсечните за овој период од годината и ќе се движат од 20 до 30 степени. Во петок и сабота не очекува и пораст на утринските температури кои ќе се движат од 3 до 12 степени, додека пак во текот на денот сончево и топло време со температури од 21 до 31 степен. Во недела потопло утро со температури од 5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални 21 односно 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот