X
 01.11.2016 Живот

Времето во наредните 3 (три) дена

Денес е вторник, 1 ноември 2016 година, 306-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:01, а ќе зајде во 16:32 часот. Денот ќе трае 10 часа и 31 минутa.



Полето на висок воздушен притисок кој што доминира над целиот Балкан и северното воздушно струење кое носи продор на доста студен воздух, во првото ноемвриско утро ни носат ведро и доста студено утро, како што впрочем и во најавувавме во изминатите денови.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури длабоко под просекот за овој период од годината и се движеа од -6 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 17 степени. Ув индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска студено утро со утринска температура од -1 степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло време со дневна температура која ќе достигне до 14 степени. Ќе дува доумерен северозападен ветер. УВ индексот 3.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА – Во среда малку потопло утро со утрински температури од -4 до 5 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури од 10 до 19 степени. Во четврток претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста која што во вечерните часови и во текот на ноќта во североисточните, северните и северозападните предели ќе услови врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени. Во петок во раните утринските часови услови за сосема слаб дожд во северните и североисточните предели, а во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди и температура од 8 до 16 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот