X
 31.10.2017 Живот

Временска прогноза за првите денови од месец ноември

Денес е вторник, 31 октомври 2017 година, 304-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:58, а ќе зајде во 16:34 часот. Денот ќе трае 10 часа и 36 минути.

Ведро и студено утро со невообичаено ниски утрински температури за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник невообичаено студено утро за овој период од годината со осетен пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо време со дневни температури кои што се невообичаено ниски за овој период од месец октомври. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури утре ќе достигнат до 6 односно до 16 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро со утринската температура од 1 степен, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Максималната дневна температура до 12 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда и четврток ќе продолжат невообичаено студените утра со утрински температури кои што ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат во интервал од -6 до 3 односно од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, ветровито и свежо време со максимални температури кои што ќе достигнат во интервал од 7 до 17 односно од 9 до 19 степени. Студено но потопло утро во Македонија не очекува во петок, кога ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време. Минималните температури од -2 до 6 степени, а максималните од 10 до 20 степени. Во сабота претежно сончево и топло време со температури кои што се вообичаени за овој период од годината, утринските од 0 до 8 степени, а дневните од 11 до 21 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда и четврток студено утро со утринска температура од 0 степени, а во текот на денот сончево и потопло време со дневна температура до 13 односно до 15 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со утринска температура од 3 степени, а максималната дневна до 16 степени. Во сабота во Скопје претежно сончево и топло време, минималната температура од 5 степени а максималната дневна до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот