X
 01.10.2016 Наука

Пријавете се на основниот курс по астрономија 2016

Астрономскиот центар Орион организира Основен курс по астрономија за сите кои сакаат да се запознаат со фасцинантната природа на нашиот Универзум и магичните особини на ноќното небо. Курсот ќе започне од 4 октомври во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.



Овој визуелно богат курс кој изобилува со многу фотографии, слики и анимации е замислен да обезбеди нетехничко објаснување на модерната астрономија, вклучувајќи ја структурата и развојот на планетите, ѕвездите, галаксиите и Универзумот како целина. Курсот ја опфаќа целата материја за основите на астрономијата, објаснети и презентирани низ примери аналогни на нашето опкружување. Во последните десетина години оваа наука доживеа голема експанзија, развој и усовршување.

Курсот е концентриран на најважните и највозбудливите аспекти во астрономијата и методите кои астрономите ги користат да развијат претстава за нашето опкружување. Предавањата се претставени со јасни и едноставни термини, детално објаснување како „работи“ Универзумот, и поврзаноста на сите компоненти и објекти во него, кои ќе ги разгледаме и дискутираме на предавањата.

Повеќе за курсот како и за начинот за пријавување прочитајте на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука