X
 06.10.2016 Живот

Џоан Бредфорд: Бирајте искуство, а не поголема плата

Ако сме искрени, ќе се сложиме дека најпривлечниот дел од работата е платата.

Но, доколку прифаќате работа само заради парите, тогаш можеби на крајот тоа ќе влијае негативно на вашата кариера.

 

Џоан Бредфорд, главниот оперативен директор на SoFi, водечка онлајн компанија, советува : “Немојте секогаш да ја продавате вашата душа на оној што најмногу ќе понуди“.

 

 

 Според неа која е поранешен директор на Demand Media, Microsoft, Pinterest и Yahoo, парите не треба да бидат движечката сила во кариерата.

“Сметам дека не треба секогаш да се стремите да бидете платени повеќе, бидејќи има многу други работи кои се поважни – како на пример тајмингот, вештините, стабилноста на организацијата и нејзиниот развој“, изјавила Бредфорд за Бизнис Инсајдер. “Генерално, потребно е да бидете секогаш свесни за вредноста која ја носите на компанијата и да имате волја за преземање на поголема одговорност – а со тоа и парите ќе си дојдат“, смета Бредфорд.

Кога ја прифаќате работата заради поголема заработувачка, може да ги пропуштите искуствата вредни за стекнување, особено во компаниите кои се во раната фаза на развивање, кои во почетокот не можат да понудат баш големи финансиски средства како плата.

Таа вели дека секогаш го избирала искуството пред парите, и иако тоа биле најголемите ризици кои ги презела во животот, на крајот се исплатиле.

“Се соочив со многу големи скратувања на финансиските примања за да се вклучи во организации кои ветувале многу и имале голем потенцијал. Но, на крајот се уверив дека мојата кариера се движеше во нагорна линија, и целиот ризик се исплатеше“, смета Бредфорд. 


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот