X
 16.10.2016 Живот

Што можете да научите од лидерството на римскиот освојувач Цезар?

Откако ги елиминирал своите ривали во граѓанска војна, генералот и политичар Гај Јулиј Цезар, станал диктатор на Рим во 49 година п.н.е.

 

Воспоставил политички реформи а потоа бил избоден до смрт во 44 година п.н.е.

 

 

 

Цезар и денес се смета за еден од најфголемите воени команданти во историјата. Неговото име исто така е и синоним за култ на личност и политичка силна фигура.

 

Како Цезар ја оджувал моќта? Business Insider ја анализирале неговата работа и пишани документи за да го сфатат начинот на неговото владеење.

 

Ова се 7 примарни лекции кои можат да се научат од него :

 

1. Важна е презентацијата

 

Најдобрите лидери не се само создаватели на неверојатни работи – тие и знаат како да се презентираат себеси. Сите ја знаат неговата изрека : „Дојдов, видов, победив“, која се уште се  споменува и по толку поминати векови. Говорењето на моќни пораки и решителноста се клучните одлики кои треба да ги поседува еден лидер.

 

2. Преземање ризици

 

Цезар често ризикувал, но сето тоа подоцна му се исплатило. Ризикот е неопходен за да се постигнат и остварат големите цели.

 

3. Почнете од малку

 

Чекор по чекор – секогаш мора да се движите по едно скалило нагоре. Постепеното завршување на обврските е клучно за да дојдете до крајната цел. Мора да започнете од основата за да се искачите до врвот. Цезар го разбирал ова – успеал да се врати на моќната позиција иако го изгубил наследството уште како млад човек.

 

4. Ништо не претходно одредено

 

Цезар знаел дека околностите можат постојано да се менуваат. Тврдогавоста и одбивањето на промените не се воопшто добредојдени во лидерството.

 

5. Никогаш не се залажувајте

 

Иако сте успешен лидер, не смеете да си кажувате лаги на самите себе. Морате да бидете реални и да се соочувате со фактите, се разбира и да си ги признавате грешките и да учите од нив. Исто така, секогаш треба да преовладува разумот, а не емоциите.

 

6. Не се опуштајте премногу

 

Колку добро и да стојат работите, најдобрите лидери никогаш не се откажуваат од напорната работа и се присутни кога ќе се случат и најлошите можни сценарија.

 

„Бессмртните богови се навикнати да им дозволат поголем просперитет и неказнивост на оние луѓе кои што сакаат да ги казнат заради нивните злодела, со цел тие да страдаат повеќе заради обратните околности“. Но, и самиот Цезар не си го послушал сопствениот совет, па дозволил концпирацијата против него да го достигне врвот, а тоа резултирало со негово убиство.

 

7. Никогаш не се продавајте себеси

 

За да бидете лидер, потребна ви е самодоверба во сопствените способности. Не дозволувајте другите да ви кажуваат колку вредите. Тоа на Цезар никогаш не му недостигало.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот