X
 23.03.2026 Живот

Колку е моќен Иран на Блискиот Исток?

Иран се смета за голема сила на Блискиот Исток, но колкава е моќта на оваа држава кога ќе се спореди со нејзините соседи? Според населението, енергетските ресурси и големината на војската, Иран е рангиран меѓу најголемите играчи, но заостанува зад побогатите држави кога станува збор за економски капацитет по лице и за трошењето на одбрана.

На визуализацијата направена од страна на Џули Пизли може да се видат бројките во различни области, кои покажуваат каде Иран е лидер, а каде заостанува.

Иран се истакнува со население од 93,2 милиони жители, што е многу повеќе од соседите, но БДП по глава жител во оваа земја останува меѓу најниските, на само нешто повеќе од 4.000 долари, што покажува дека продуктивноста по глава на жител заостанува зад помалите, а побогати нации како Катар и Израел.

Сепак, енергијата останува една од дефинирачките сили на Иран. Оваа држава е рангирана меѓу најдобрите кога станува збор за производството на нафта и резерви, при што е втора на листите, а пред неа е само Саудиска Арабија. Со околу 208,6 милијарди барели во резерви и дневно производство од околу 4,6 милиони барели, Иран останува еден од клучните играчи во регионот кога станува збор за ресурсите.

Покрај тоа, санкциите ги придушија извозот и инвестициите, ограничувајќи го растот во споредба со производителите од Персискиот Залив, како Саудиска Арабија и ОАЕ. Голем дел од извозот завршува во Кина.

Кога станува збор за воената сила, Иран ја има најголемата активна воена сила во регионот со персонал од 610.000 лица, што е повеќе од двојно од онаа на Саудиска Арабија. Покрај тоа, годишните вложувања од 7,9 милијарди долари се многу помали од оние на Саудиска Арабија или Израел.

Додека Израел често се смета дека е понапреден технолошки, обемот и регионалното влијание на Иран остануваат значителни фактори во балансирањето на моќта.

Иран
Фото: Visual Capitalist
(За поголема резолуција, кликнете на сликата)

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот