X
 02.02.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е четврток, 2 февруари 2017 година, 33-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:40, а ќе зајде во 16:54 часот. Денот ќе трае 10 часа и 14 минути.

Ова утро во северните предели, долж Повардарието како и во Пелагонија имаме појава на магла која што ќе се задржи и во раните претпладневни часови, а во останатите предели претежно ведро време со локална облачност и постудено време.

МАКЕДОНИЈА – По студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Услови за здржување на маглата и ниската облачност во текот на целиот ден има во северните предели како понекаде должд Повардарието. Доцна попладне од запад зголемување на облачноста која во вечерните часови ќе се прошири насекаде. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -9 до 2 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла и ниска облачност кои што ќе се задржат во поголем дел од денот. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок претежно облачно и потопло време со дневни температури кои ќе се движат од 4 до 12 степени. Во сабота умерено облачно со повремени и кратки сончеви периоди, а во западните, југозападните како и во источните и југоисточните предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Дневните температури од 5 до 13 степени. Во недела и понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и нестабилно со локални врнежи од дожд пред се во попладневните и вечерните часови. Дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени, односно од 5 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот