X
 12.11.2016 Живот

Добри работи што се случија оваа година

Оваа година беше убедливо најбурно на светската политичка сцена. Сепак, многу е важно да не се заборават и убавите работи што ја одбележале.

планер


Корисникот
 helthehatter на Tumblr составил листа на добри работи што се случиле во 2016. Ние Ви пренесуваме дел од нив:

- Смртноста кај децата се намалува насекаде и продолжува со тој тренд.
- Пакистан направи чекори во исклучување на убивањата поради чест.
- 70.000 муслимански свештеници прогласија фатва против ИСИС.
- Бројот на тигрите и пандите се зголемува.
- Мајкл Џордан донира 2 милиони долари за да помогне во поврзувањето на полицијата и граѓаните.
- Старбакс откри како да донира расиплива храна на безбеден начин.
- Волонтери во Индија посадија 50 милиони дрвца за 24 часа.
- Се направија големи достигнувања во превенцијата од Алцхајмерова болест.
- Во Израел е развиена нова тепарија со која може да се излече радијациска болест.
- Озонската обвивка се обновува сама од себе, значи сите напори да се отстранат од употреба штетните хемикалии вродија со плод.
- Криминалот на глобално ниво е во пад во последните неколку децении.
- Калифорнија напојува 6 милиони домови со соларна енергија, што е рекорд во САД.
- 200 странци присуствуваа на погребот на бездомник без семејство, а ветеран од Втората светска војна.
- Луѓето ја победуваат депресијата и бележат успеси во битките со ракот.
- Леонардо ди Каприо доби оскар.
- Има нова книга и филм за Хари Потер.

Целосната листа прочитајте ја ОВДЕ.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот