X
 17.11.2016 Култура

До каде може да стигне човештвото во својот напредок?


Цивилизација од иднината

Човештвото одлучно чекори кон техношката ера, која не само што се чини неизбежна, туку најверојатно ќе биде негова „златна доба“. Па, се поставува прашањето: колку може да напредува човештвото?

За подобро да ја разбереме можната иднина, ќе мораме да го измериме статусот на човештвото како цивилизација со помош на научно издржани мерки. Таа мерлива скала треба да покаже колку далеку сме стигнале и уште колку ни останува за „изодување“.

Еден од најпопуларните начини за мерење е со помош на т.н. Скала на Кардашев, што претставува метод за утврдување на технолошкиот напредок на цивилизацијата врз основа на количеството енергија што цивилизацијата има можност да ја користи во комуникацијата. 

Оваа идеја на рускиот астрофизичар, Николај Кардашев, датира од 1964 година.

Во зависност од даденото количество енергија што цивилизацијата е во состојба да го користи, се гледа нејзината способност за населување/колонизирање на планетата, и пошироко на нашата галаксија.

Енергијата и технологијата одат „рака под рака“ како што технолошкиот напредок наизглед се одвива паралелно со количината на енергија што цивилизацијата е во состојба да ја (зло)употребува и да располага со неа. Значи, чистата вредност на цивилизацијата се мери според производниот аутпут на енергијата и на технологијата. Колку далеку стигнала технологијата можеме да видиме од нејзината употреба во создавањето енергија од обновливи извори. Тоа веќе довело до промена на природниот пејзаж, а води и кон трансформација на општествениот систем.

Како и да е, Кардашевата скала е уредна и опфаќа повеќе нивоа или типови што се промениле и се прошириле во последниве години, земајќи предвид, хипотетички, галактички, интергалактички и мултиверзални цивилизации по природа.

Тип 0 – Ако цивилизацијата се потпира на суровини од сурови органски извори какви што се дрвото, јагленот и маслото за создавање енергија, значи дека се наоѓа на дното на скалата. Зависноста од хемиски реакции за погон на вселенски летала е неефикасно и бавно. Оваа е т.н. Субглобална култура.

Тип 1 – Оваа т.н. Планетарна култура што можеби ни е во близина, е малку понапредна. Рационалната употреба на сите достапни ресурси води до енергетски аутпут од 10 на 15-та вати. Со сегашното наше темпо, овој аутпут ќе го достигнеме најрано во рок од еден век.

Тип 2 – Кога би можеле да прескокнеме неколку илјади години на Земјата, би станале дел од Ѕвездената култура што е способна да ја користи енергијата од најголемата ѕвезда. „Сончевиот аутпут“ може да биде околу 10 на 26-та вати.

Тип 3Галактичката култура опишува цивилизација што е способна да користи енергетски аутпут од целата галаксија. Ова ниво на развиеност е 100 илјади години понапред од човештвото. Ваквата цивилизација е способна да ја колонизира целата галаксија и да ја користи енергијата од милијардите ѕвезди во Млечниот пат.

Тип 4Универзалната култура го опфаќа бесконечниот универзум. Цивилизацијата во рамки на оваа култура е способна да патува низ космосот и да раководи со енергијата од секое сонце на кое наидува. Овие бесмртни општества ќе можат да стапуваат во интеракција со структурата на самиот време-простор.

Тип 5 – Зарем има и нешто повеќе од контролата врз универзумот?! Секако, инаку зошто воопшто би го наведувале. Петтиот тип на цивилизација живее во Мултиверзална култура. Теоретски, припадниците на оваа цивилизација можат да го надминуваат сопствениот универзум и да се движат низ различни димензии и/или други мултиверзуми.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура