X
 20.11.2016 Забава

Супер Марио за првпат ќе се игра и на мобилните телефони


Супер Марио

Играта на Нинтендо, Super Mario Run, на 15 декември ќе стартува во продажба на iOS системот, пишува Wired. Играта ќе може бесплатно да се преземе и да се игра, но отклучувањето на нејзината целосна функционалност ќе мора да се плати.

Во рамките на овој деловен модел, Нинтендо му дозволува на корисниците бсплатно да ги пробаат сите можности на апликацијата, но за да добијат „неограничен пристап“ ќе мора да платат определен износ.
Во овој момент нема индикации дека после првичната уплата ќе треба да се плаќаат дополнителни износи за кој било дел од играта.

Super Mario Run е првиот наслов од прославената франшиза што е развиен за паметните телефони, а ќе може да се користи на iPhone, iPad  и iPod Touch. Нинтендо потврди дека оваа игра ќе дојде и за Android уредите, но датумот кога ќе излезе таа платформа, сè уште не е познат.

Во оваа игра што за првпат беше најавена во месец септември, играчите ќе го контролираат познатиот водоинсталатер Марио кој ќе трча по препознатливите „стази“ од светот на Супер Марио. Играта сама по себе нема крај, може да се игра бесконечно во зависност од концентрацијата на играчот. На почетокот од играта, Марио почнува да се движи од лево на десно, а играчот одлучува кога ќе скокне, колку високо и колку далеку.

Освен тоа, играчите ќе можат да вградат и свое Кралство на печурките, и ќе можат да се натпреваруваат против другите играчи во собирањето парички во ограничено време.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава