X
 17.06.2023 Живот

Паметна шаховска табла ви овозможува да играте против кого било во реално време

Онлајн-играњето овозможи да се игра со некого кој се наоѓа на другиот крај на светот, но тоа е ограничено на видеоигрите и апликациите за телефон.

Би било неверојатно доколку истиот принцип може да се примени и на друштвените игри.

Новата паметна табла наречена „Гоучес“ би можела да биде одговорот. Оваа интерактивна шаховска табла напојувана со вештачка интелигенција може да направи револуција во една од најголемите игри.

„Гоучес“ е создадена од „Партикула“, компанија со седиште во Тел Авив.

- Нашиот тим е возбуден што може да го претстави „Гоучес“, првата роботизирана шаховска табла во светот со технологија за вештачка интелигенција која обезбедува невидено ниво на реална игра - пишува тимот.

2
Фото: GoChess

„Гоучес“ изгледа како секоја друга шаховска табла, но магијата лежи во фигурите кои се движат сами. Како се движат фигурите на „Гоучес“? Сè се сведува на роботски механизам кој чека на патент. Неговите вградени магнетни сензори ги следат вашите потези, а потоа ги рефлектираат на таблата на противникот. Дури и пред да започне мечот, „Гоучес“ може сам да постави игра, па дури и да врати незавршен дуел.

Иако е создаден од шаховски мајстори, „Гоучес“ е дизајниран за сите видови играчи. Посебно е пријателски настроен кон аматерите или сите кои сакаат да ги усовршат своите способности. Доколку ви треба помош, можете да ги активирате тренерските светла со кодирани бои за да го предложите вашиот следен потег. Но, вклучена е и стратегија и тие ја споредуваат оваа алатка со ментор кој дава стручни совети.

Ако вашиот шаховски противник е во иста просторија со вас, сепак, можете да го користите како обична табла и да ги движите вашите фигури со рака.

Има 32 нивоа на тежина кои одговараат на нивото на вашата вештина.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Gochess
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот