X
 29.11.2016 Живот

Временска прогноза: Денес пред нас е еден вистински зимски ден

Денес е вторник, 29 ноември 2016 година, 334-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:34, а ќе зајде во 16:09 часот. Денот ќе трае 9 часа и 34 минути.



Ова утро во голем дел од Македонија имаме снежна зимска идила, преовладува облачно време со врнежи од снег и постудено време. Во наредните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде.

МАКЕДОНИЈА – Иако климатолошката зима започнува од четврток, денес пред нас е еден вистински зимски ден. Ќе биде облачно со врнежи од снег кои ќе бидат проследени со засилен ветер, а врнежи од дожд и снег се очекува во Гевгелиско-Валандовскиот регион. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Температурите длабоко под просекот за овој период од годината, утринските од -5 до 3 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 4 степени.

Минатата година на овој исти датум, утринските температури се движеа од -2 до 7 степени, а дневните од 0 до 13 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје облачно време со врнежи од снег кои ќе бидат проследени со засилен северен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна ќе достигне до 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда и четврток во Македонија не очекува ледено утро, појава на мраз поради утринските температури кои ќе се движат од -9 до -2, односно од -12 до -4 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневни температури од -3 до 4 степени во среда, односно од -1 до 6 степени во четврток. Во петок и сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време но сепак со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во петок утринските од -9 до -1, а максималните од 0 до 7 степени, додека пак во сабота минималните од -6 до 2, а дневните од 1 до 8 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот