X
 12.08.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во крајните источни и во западните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7, а воздушниот притисок ќе има вредност околу 1014 хектопаскали.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринскатата температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 7.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Максималните дневни температури од 28 до 39 степени. УВ индекс 8. Во петок во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Во вечерните часови и во текот на ноќта со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 27 до 38 степени.

Во сабота и недела во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, во попладневните часови развој на нестабилна облачност со врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури ќе бидат во пораст, а максималните дневни ќе бидат во опаѓање. Во сабота максималните температури од 26 до 37 степени, а во недела пак тие ќе се движат во интервал од 25 до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот