X
 22.12.2016 Живот

Дали 2016 е најсмртоносната година за познатите личности?


До 19 декември 2016 година, животот го забугиле 43 познати личности, покажало истражувањето.
 

Колаж од славните личности што починаа годинава

Дејвид Боуви, Принц, Харпер Ли, Алан Рикман, Умберто Еко, Ненси Реган, Мухамед Али, Сер Џорџ Мартин, Викторија Вуд, Леонард Коен, За За Габор... За нивните обожаватели, годината во заминување со сигурност им е особено тажна. Се смета дека оваа беше посебно смртоносна година за славните личности ширум светот.

Уште во месец април, BBC истражил дали има нешто чудно во невообичаениот број смртни случаи на селебрити личностите, како што тврделе многумина на социјалните мрежи. Имале задача да ги споредат периодите од јануари до март од 2012 до 2016 година и да видат колку познати луѓе починале или загинале.

Истражувањето открило голем скок, гледајќи ги само првите три месеци во годината.

Двојно повеќе познати личности умреле во тој период во 2016 година, отколку во истиот период во 2015 и петпати повеќе отколку во 2012 година.

Сега, на истекот на месец декември, се чини дека е вистинско време да се постави прашањето дали остатокот од 2016 година бил опасен и фатален за познатите личности.

Истражувањето на BBC покажува дека не бил.

„Последните шест месеци од оваа година биле исти како и последните шест месеци во претходните четири или пет години“, рекол уредникот на BBC, Ник Серпел.

Гледајќи ја вкупно целата 2016 година, умреле или загинале 30 отсто повеќе познати личности отколку во 2015 година.

„Во 2012, вкупно биле 16, 2013 – 24, во 2014 бројката се искачила на 29, а во 2015 - 32“, рекол Серпел.

До 19 дкември 2016, животот го загубиле 43 познати личности, покажало истражувањето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот