X
 16.01.2023 Живот

Почина Петре Камчевски, најголемиот историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата

Почина Петре Камчевски, историчар и хроничар на Кавадарци и Тиквешијата. Од Музеј галеријата, каде што своевремено беше кустос – советник историчар и директор, попладнево информираа дека Камчевски починал после кратко боледување.

– Кавадарци и Македонија изгубија голем човек, извонреден интелектуалец, елоквентен историчар, историски хроничар, човек кој беше своевидна историска енциклопедија, потсетија од Музејот.

Роден бил во 1952 година во Кавадарци. Завршил Филозофски факултет, група историја во Скопје. Работел од 1980 година во Музејот, од 1986 до 1999 и од 2004 до 2018 година беше директор.

За време на својот работен век има објавено повеќе од 200 стручни и научни трудови, на симпозиуми, трибини и конгреси како во земјата, така и во странство.

Камчевски е автор на неколку книги за минатото, а беше посветен на работата која самопрегорно ја работеше.Тој знаеше како да ги синтетизира и аналитички обработи историските факти, да ги среди и да ги објави.Така Кавадарци ја дозна или ја спозна својата историја за многу области, особено во лозарството, винството,Тиквешкото востание, Првата и 2 Светска војна НОБ и Револуцијата .За да дојде до фактите и вистината лично одеше во Белград и Софија и други места и донесе или сними фактографски податоци за настани ,некои наши личности .Тој исто така работеше и на историјата и етногенеза на многу наши села.

Автор е на триесетина историско тематски изложби, фељтони и слично. Учествуваше во подготовка на неколку зборници. Автор е на неколку книги. Има изработено и неколку спомен соби. За својата работа, добитник е на три највисоки општински награди.

Наградата најдобар музејски работник во Република Македонија ја доби во 2011 година. Беше потпретседател на Друштвото на Музејски работници 1996 – 1998 година.

За неговата работа може многу да се пишува. Загубивме значаен хрононичар , човек посветен на семејството,а пред се човек кој добро си ја познаваше својата работа .

ПЕТРЕ КАМЧЕВСКИ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот