X
 16.02.2023 Живот

„Алкалоид“ стана генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација

Спортот во „Алкалоид“ има долга историја и богата традиција. Децении наназад компанијата помагала и помага разни ентитети на клупско, репрезентативно и индивидуално ниво во многу спортови, како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање, борење, алпинизам и други.

Речиси 47 години во рамките на компанијата функционира шаховскиот клуб „Алкалоид“, кој важи за еден од најдобрите европски клубови, а од неодамна почна со работа и ракометниот клуб „Алкалоид“, со амбициозна програма посветена на развој на млади македонски ракометни таленти.

Согледувајќи ги потенцијалите и сериозната посветеност на работењето на Македонската таеквондо федерација, „Алкалоид“ АД Скопје одлучи да даде сериозна поддршка во финансиски средства и логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година. Во тој контекст, „Алкалоид“ ја официјализира новата соработка како генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација, во присуство на спортската јавност. На одржаната прес-конференција во хотел „Хилтон“ во Скопје, договорот за соработка го потпишаа генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, и претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски. Меѓу присутните учесници беше и репрезентативецот на МФТ и член на ТК „Бутел“, Дејан Георгиевски, кој националниот олимписки сон го претвори во реалност и заедно со својот тренерски тим е заслужен за одликувањето на македонското таеквондо со престижен сребрен медал.



Македонско таеквондо, како еден трофеен сегмент од поновата спортска историја, последниве години успева да задржи солиден резултатски континуитет. Начнувајќи ја оваа предолимписка година, Македонската таеквондо федерација е фокусирана на добивање уште една олимписка виза, а паралелно со тоа, посветено работи и на развој на овој спорт на сите генерациски нивоа.

За „трка“ без препреки за учество на ЛОИ 2024 во Париз, притоа базирајќи се на досегашниот резултатски континуум на македонското таеквондо, „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија со силно изразена стратешка определба за поддршка во сите сфери од општествениот, спортскиот, образовниот, здравствениот и културниот живот во Македонија, рамо до рамо со федерацијата ќе даде поддршка во борбата за освојување нова олимписка гордост.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот