X
 16.05.2022 Технологија

Како да го замаглите својот дом на мапите на „Гугл“?

Неодамна судиите во американскиот Врховен суд кои сакаат да го укинат правото на абортус побарале да им се замаглат домовите на мапите на „Гугл“. Тие побарале замаглување на куќите во опцијата на апликацијата за уличен приказ бидејќи не сакаат демонстранти пред нивните куќи.

Дали и вие би сакале вашата куќа да биде замаглена во апликацијата? Постои начин на кој може да го направите тоа.

За почеток треба да го најдете домот во апликацијата и да притиснете на линкот во десниот долен агол на фотографијата на кој се известува за проблем. Оваа опција е именувана „Report a problem“.

Тука може да побарате замаглување со опцијата „Request blurring“. Може да побарате замаглување за својот автомобил, лице или домот.

Извор и насловна фотографија: Idesh
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија