X
 17.04.2017 Култура

Антички мапи кои го променија светот

мапа

Еден од најголемите предизвици за писателите и најголемите радости на читателите на фантазијата и научната фантастика е уметноста на создавање на градови, земји, континенти, планети, галаксии и цел универзум на луѓе.

Еден од најпознатите вакви хроничари, сер Џон Мандевил, се сметал за авантурист и шарлатан, е добро познат по неговата книга „The Travels“ во која може да се забележи долгата традиција на изработка на шпекулативните светски мапи кои потекнуваат од почетокот на средниот век.

2

Во западната традиција, може да видиме дека создавањето на мапите датира од 6 век п.н.е, кај пред-сократовскиот мислител Анаксимандер, студент на Талес, кого Аристотел го сметал за првиот грчки филозоф. Иако нема копија од мапата, постои идејата за она што Херодот го опишал во детали - кружен познат свет кој седи на врвот на земјата во облик на барабан. Неговата мапа се состоела од два континенти, или две половини - Европа и Азија - во кои биле вклучени познатите земји од Северна Африка.

Две релативно мали земјишта во северниот и јужниот дел на Средоземното море со десет населени региони била раната илустрација за светот.

Анаксимандер можеби бил првиот грчки географ, меѓутоа либиско-грчкиот научник и филозоф Ератостен од 2 век п.н.е се нарекува „татко на географијата“ поради неговата книга од три тома на темата географија, како и неговото откритие дека Земјата е тркалезна и неговата точна пресметка на периметарот.

Ератостен првенствено користел опис на светот од Анаксимандер. Со тоа, неговата мапа имала значително влијание врз подоцнежните средновековни географи. Вавилонската мапа на светот, испишана на глинена плоча во периодот кога Анаксимандер го замислувал светот, може да имала влијание врз европската карта во времето на откривање. Таа отсликува кружен свет, со Вавилон во центарот.

3

Се смета дека вавилонската мапа ги претставувала зборовите орбис терариум, а потекнувала од описите од 7 век. Буквата „Т“ го претставува Медитеранот додека буквата „О“ океанот. Во верзијата погоре, со повторно создавање на еден цртеж од 8 век, можат да се забележат три познати континенти - Азија, Европа и Африка, како и светиот град Ерусалим кој се наоѓа во центарот. Мапата во голема мера ги информирала средновековните сфаќања за светот.

100 години после преводот на текстот на Птоломеј од грчки на латински во 1407 година била откриена неговата географска прецизност која станала широко позната. До тогаш, знаењето за овие координати биле изгубени во Западот.

Ова не е случајот со Истокот, каде светските мапи на Ибн Хавкал од 980 година го покажуваат влијанието на Птоломеј, кој веќе бил доминантен во географијата на исламскиот свет кој започнал да бледнее. Многу светски мапи од 11-12 век преживеале од Британија, Турција и Сицилија од Кореја, а кои имаат голема сличност со светските мапи кои ги познаваме денес.

4

За поголемиот дел од пишаната историја, познавањето на светот за било кое место било речиси целосно или делумно шпекулативно и имагинативно, често населено со чудовишта и чуда.

„Сите култура отсекогаш верувале дека мапата која ја валоризираат е реална и вистинска и објективна и транспарентна“, вели Џери Бротон, професор на Универзитетот во Лондон.

5

Колумбо верувал во неговите шпекулативни мапи, дури и тогаш кога наидувал на острови во близина на брегот на континенти кои не биле на ниту една негова мапа.

Сепак, неколку културно формативни проекции на светот уште од географијата на Птоломеј и пред него го промениле цел свет, укажувајќи на моќта на човечката имагинација како и на легендарно имагинативното, и легендарно бруталното создавање на светови во вистинскиот живот.

6
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура