Хостелот „Џо енд Џо“ (Joe&Joe) во Виена стана хит на социјалните мрежи поради необичната локација. Овој модерно уреден хостел се наоѓа на петтиот и шестиот кат во внатрешноста на ИКЕА, во близина на железничката станица во градот.
Необичната локација ги збунува оние што се служат со интернет-мапа за да стигнат до локацијата бидејќи имаат проблем да го најдат влезот. Влезот во ИКЕА е и главниот влез во овој хостел. Треба да се искачите на петтиот кат, поминувајќи низ продавницата, пред да стигнете до рецепцијата на хостелот.
Кратко видео на „Тик-ток“ објавено од корисничката Џес Браун покажува како изгледа овој хостел.
Во хостелот има околу 300 кревети во приватни или заеднички соби. Има и заедничка кујна, соба за караоке, а може да се користи и барот на врвот на зградата. Собите може да се
резервираат за цена од околу 50 евра и нагоре.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија:
Booking