X
 06.01.2017 Живот

Каде има прекин на сообраќајот?

Патниот правец од Штипска петља до Катланово целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.

Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.

На Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула денес од 04:45 часот воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.

На регионален пат Тетово - Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Плетвар, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан ,Катланово - Велес и обратно.

ИНФОРМАЦИЈА: Сообраќајот на патниот правец Скопје - Велес се одвива отежнато и по една коловозна лента.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот