X
 09.03.2017 Култура

Зошто Швајцарија е најдобрата земја во светот?

Според годишното рангирање од страна на компанијата „US News“, најдобрата земја во светот е Швајцарија.

знаме

Со оглед на високиот БДП по глава на жител (11-ти најдобар во светот според ММФ, со 60.787 долари) и животниот век (на второ место во светот, со 83.4 години), историјата на пацифизмот и фантастичниот алпски пејзаж, ова воопшто не изненадува.

Но, што ја прави Швајцарија толку добра земја?

Богати се

Во зависност од тоа на чии проценки им верувате, Швајцарија се наоѓа на осмото или деветтото место во светот кога станува збор за БДП по глава на жител - околу 58.000 долари.

Граѓаните живеат подолго

Животниот век во Швајцарија е 83.4 години, со што се наоѓа на десеттото место во светот кога станува збор за должината на животниот век на една нација.

Чоколадото

Истражувањата покажуваат дека чоколадото кај мозокот предизвикува ослободување на допамин - а никој не прави толку добро чоколадо како Швајцарците.

Не се дебели

Швајцарија ја има една од најниските стапки на дебелина во Европа (околу 9%), на исто ниво со Шведска, Франција, Италија и Холандија.

Важи за неутрална земја

Швајцарија не била учесник во војна уште од 1847 година, така што не троши милијарди на војската.

Повеќејазична земја

Повеќето граѓани на Швајцарија разбираат германски (и швајцарски-германски и стандарден германски), француски и англиски јазик, а може и италијански.

Работно време


Швајцарците работат 35.2 часа неделно во просек, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во нашата земја, еден работник работи 40 часа неделно.

Пејзажите

Како и скијањето и планинскиот воздух. Исто така, градовите често пати се наоѓаат покрај езера. Работењето покрај вода го намалува нивото на стрес.

Здравство

Швајцарија е позната по нејзиниот здравствен систем наречен „Santésuisse“ каде часовите на чекање се меѓу најниските во светот. Не е ни чудо што Меѓународниот црвен крст е со седиште во Женева.

Паметни се

Се чини дека незнаењето не е блаженство. Од Швајцарија се 25 нобеловци од 8 милиони жители. Тоа е повеќе по глава на жител од речиси било која друга земја. И се чини дека тие единствено сфаќаат што се случува во големиот „Hardon Collider“.

Владее демократијата

Нашироко се смета дека Швајцарија е земја која дошла најблизу до директна демократија. Обичните граѓани можат да предложат уставни промени, може да се побара референдум за било кој нов закон, а 26-те кантони уживаат во автономијата.

И на крај... и нивното знаме е еден голем плус.

знаме
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура