X
 18.06.2018 Живот

Временска прогноза: Какво време нѐ очекува следниве неколку дена

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и југоисточните делови. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 21 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. В среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе опаднат за неколку степени.

Извор: Миа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот