X
 26.12.2017 Живот

Временска прогноза до крајот на годината

Денес е вторник, 26 декември 2017 година, 360-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54 а ќе зајде во 16:13 часот. Денот ќе трае 9 часа и 19 минути.

Ова утро по котлините имаме појава на магла и намалена видливост од 100 - 150 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, од 50 – 70 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на патните правци Скопје – Катланово и Скопје – Миладиновци. Во останатите предели претежно ведро и свежо време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови појава на магла по котлините и долините на реките, која што понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и невообичаено топло време за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер, а во источните предели ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Минималните температури од -5 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 15 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла кога што ќе се задржи и во претпладневните и поголем дел од попладневните часови. Ќе дува слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда свежо утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време со максимални температури од 6 до 14 степени. Во четврток и петок дестабилизација на времето, под влијание на циклонска цикрулација ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време. Минималните температури од 0 до 7 односно од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 4 од 13 односно од 2 до 12 степени, со напомена дека во петок над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег. Во сабота студено утро со утрински температури од -6 до 1 степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и максимални температури од 0 до 10 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во среда во Скопје умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди во попладневните часови и дневна температура до 10 степени. Во четврток и петок умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и дневна температура која што ќе достигне до 9 степени. Во сабота студено утро со температура од -1 степен, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време со максимална температура до 6 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Скопје, Тетово и Куманово имаме високо ниво на загаденост на воздухот. Во Кичево, Велес и Битола средно ниво на загаденост на воздухот, а во останатите градови нивото на загаденост на воздухот е на ниско дозволено ниво. Во изминатите 24 часа насекаде имавме високо ниво на загаденост на воздухот, а највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Скопје вредностите се движеа од 100 до 577 микрограми на метар кубен(Лисиче 577, Ректорат 532, Гази Баба 358, а најниска вредност имаше во Миладиновци). Потоа следуваат Тетово 516, Кавадарци 489, Куманово 405, Велес 386, Битола 366, Кичево 220

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот