X
 29.09.2017 Живот

Временска прогноза за наредниот период

Денес е петок, 29 септември 2017 година, 272-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:21, а ќе зајде во 18:25 часот. Денот ќе трае 12 часа и 04 минути.

Денот го започнуваме со свежо утро со утрински температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од месец септември. Насекаде во Македонија имаме облачно време, а локални врнежи од дожд има во западните и јужните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени, во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време. Во крајните северозападни и југозападни предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер, а во источните и југоисточните предели слаб југоисточен ветер. Максималните дневни температури повторно ќе останат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 11 до 22 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе преовладува претежно облачно и свежо време. Ќе дува доумерен североисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време. Во попладневните часови намалување на облачноста. Минималните температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни од 11 до 22 степени. Во недела и понеделник по студеното утро со утрински температури кои од 2 до 11 односно од 3 до 12 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 24 односно од 15 до 26 степени. Претежно сончево и потопло време со Македонија не очекува и во вторник кога ќе имаме и благ пораст на температурите. Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните од 16 до 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот