X
 15.04.2017 Култура

Папата Францис во пресрет на Велигден: „Насилството не е лек за нашиот разрушен свет“


Папата Францис
(Фото: Reuters)

Папата Францис во интервју објавено на Велики четврток, денот кога традиционално поглаварот на Римокатоличката црква им ги мие нозете на затворениците, изјавил дека насилството не е лек за нашиот разрушен свет и упатил нов повик за мир.

После служењето на мисата во Базиликата Св. Петар, папата го посетил затворот Палиано, на околу 75 километри југоисточно од Рим.

Претходните години, Светиот Отец обредно им ги миел нозете на затворениците во малолетнички затвор, во центри за лица со инвалидитет, во затвор со висока безбедност и во бегалски центар.

„Сè што сакам е уште посилно да повикам на мир во овој свет во кој доминираат трговци со оружје кои профитираат од крвта на мажи и жени“, рекол папата за италијанскиот весник „Ла Република“.

„Насилството не е лек за нашиот разрушен свет“, додал тој.

На обредот на Велики четврток, традицијата вели дека поглаварот на Католичката црква им ги мие нозете на дванаесетмина лица, како што тоа, според Библијата, го направил Исус кога им ги измил нозете на дванаесетмината апостоли.

Папата Францис рекол дека должноста на Католичката црква е да „застане покрај последниот во редот, маргинализираниот, отфрлениот“ и дека на осудените не треба преостро да им се суди, бидејќи „сите сме грешници, но Исус нам ни простува со неговата милост“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура