X
 24.04.2017 Живот

Докторскиот труд кој ги запрепасти научниците: „Земјата е рамна“

Студентка од Тунис напишала во својот докторски труд дека Земјата е рамна и дека Сонцето се врти околу неа. Девојката, која е студент на Универзитетот во Сфакс, трудот го пишувала пет години.


Целта и била да ги побие законите на Њутн, Кеплер и Ајнштајн, бидејќи имаат, како што навела, слаба основа. Наместо тоа, се водела од верските учења за Земјата.

Во својот труд навела дека брзината на звукот и светлината треба повторно да бидат измерени и дека универзумот не е создаден со „big bang“ и не се проширува, ѕвездите се седум милиони километри оддалечени од Земјата и се во ограничен број, а една од функциите им е да го красат небото.

Трудот е наречен „Модел на рамна Земја, аргументи и влијание на климатските и палеоклиматските студии“, а предизвикал бурни реакции меѓу научниците.

Меѓу првите реагирала физичарката, Фаузија Шарфи, која побарал комисијата која го одобрила креирањето на трудот да биде распуштена, а на нејзините членови да им биде забрането да бидат дел од било која научна или академска комисија.

Таа ги повикала и своите колеги да ја одбранат автономијата на науката од религијата. По полемиката која траела неколку недели, комисијата го одбила докторскиот труд, а Министерството за високо образование на Тунис, отворило истрага.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот