X
 18.02.2025 Наука

Експерт открива што би се случило доколку астероид удри во Месечината наместо во Земјата

Експерт открива какво влијание би имало врз нас доколку астероид кој може да уништи град удри во Месечината наместо во нашата планета.

Овој месец научниците од НАСА ја зголемија веројатноста за судир на астероидот „2024 YR4“ со Земјата, од 1,2 проценти на 2,3 проценти. Експертите велат дека астероидот би можел да падне на Земјата на 22 декември 2032 година.

Извештаите посочуваат дека може да биде голем како Статуата на слободата, па затоа е важно научниците внимателно да анализираат кога станува збор за тоа како е најдобро да им пристапат на работите. Но, научниците сега предупредија дека постои шанса „2024 YR4“ да се судри со Месечината.

Дејвид Ранкин, кој работи како оперативен инженер за истражувањето на небото при Универзитетот во Аризона, вели дека има 0,3 отсто шанси астероидот да удри во Месечината. И ако се случи тој неверојатен судир, влијанието што ќе го има врз нас е минимално.

- Постои можност да исфрли малку материјал што би можел да ја погоди Земјата, но многу се сомневам дека тоа би предизвикало некоја голема закана - изјавил Ранкин.

- Би биле сосема безбедни на Земјата. Некои мали фрагменти може да стигнат до Земјата, но тие би биле целосно безопасни - истакнал Герет Колинс од Кралскиот колеџ во Лондон.

Фрагментите би изгореле во атмосферата, според експертот - што значи дека нема штета за нас на Земјата.

Во меѓувреме, д-р Робин Џорџ Ендрјус предупреди дека дури и заштитата од ударот на астероидот може да тргне наопаку.

На „Х“ (Твитер) експертот се осврнал на „Двојниот тест за пренасочување на астероидот (ДАРТ)“, мисија посветена на истражување и демонстрација на еден метод на отклонување на астероидот со менување на неговото движење во вселената, преку кинетичко влијание.

- Никој не сака случајно да „наруши“ астероид бидејќи тие компоненти сè уште можат да се упатат кон Земјата. Но, нема да го видиме повторно до уште едно прелетување над Земјата во 2028 година. Толку многу нешта може да тргнат наопаку ако се обидеме да го погодиме со нешто како ДАРТ. Може да е помал или поголем. Ако е преголем, можеби нема да можеме да го оттргнеме со едно вселенско летало - вели Ендрјус.

Што се однесува до тоа каде ќе удри во Земјата, Ранкин направил мапа на „ризичен коридор“ предвидувајќи дека ќе се сруши некаде околу северна Јужна Америка, преку Тихиот Океан, Јужна Азија, Арапското Море и Африка.

Тоа би значело дека Индија, Пакистан, Бангладеш, Етиопија, Судан, Нигерија, Венецуела, Колумбија и Еквадор ќе бидат изложени на ризик.

Извор: unilad.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука