X
 10.05.2017 Политика

Пропаста на екстремната десница: Трамп им беше надеж, сега им е најголемо проклетство


Доналд Трамп
(Фото: AP)

Подемот на Доналд Трамп до местото претседател на најголемата светска сила, беше поттик на сите популисти ширум светот, особено во Европа. Меѓутоа, сега токму тој им ги намалува шансите за успех.

Колумнистката Фрида Гитис за Си-ен-ен пишува дека победата на центристичкот кандидат во Франција го потврдува трендот што треба да ги загрижува популистите од десното крило, особено оние кои работаат во Белата куќа.

Макрон извојува победа заради комбинација од повеќе фактори; некои од нив  се карактеристични само за Франција, но една од главните причините за неговата победа е фактот што Французите јасно изразија став дека не сакаат на чело на својата земја да добијат некаква верзија на Трамп.

Марин ле Пен, противкандидатката на Макрон, за нив го претставуваше токму тоа.

На Трамп му опаѓа популарноста во САД, но уште повеќе во Франција, каде, според последните анкети дури 82 проценти од анкетираните немаат убаво мислење за него. Дури тој е понеомилен и од Владимир Путин, кој во западните земји се смета за закана по демократијата.

Доналд Трамп ја водеше својата претседателска кампања како националистички популист, а неговата победа предизвика вистинска еуфорија меѓу европските популисти.

Имаше поддршка од лидерот на холандските ултрадесничари Герт Вилдерс, водачот на УКИП Најџел Фараж и секако, Марин ле Пен.

Меѓутоа, откако е избран за претседател, Трамп почна сè почесто да го прави истото за што го критикуваше својот претходник. Освен тоа, неговата непредвидливост особено во надворешната политика, не им се допаѓа на европските гласачи.

Неговиот однос со Русија и Кина не е јасно дефиниран, а честопати и без видлива причина, провокативен. Конфликтот меѓу САД и Северна Кореја е на работ да ескалира, а целиот свет стравува од вооружени конфликти од поголеми размери.

Луѓето се вчудовидени од однесувањето на Трамп. Како што опаѓа неговата популарност, така опаѓа и рејтингот на европските партии кои го поддржуваа. Тоа се случи во Франција. Поврзаноста на Ле Пен со Трамп и тоа како ѝ наштети на нејзиниот изборен резултат.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика