X
 29.05.2017 Култура

На кој начин „лајкот“ го промени нашиот живот?

Повеќето корисници денес веројатно заборавиле дека на 2 февруари 2009 година за првпат се појави лајкот.

лајк

Еден од четирите творци на лајкот, Џастин Росенстајн, тврди дека нивните намери биле чесни.

„Сакавме позитивноста да ја направиме позитивноста да ја направиме по линија на помал отпор и мислам дека успеавме во тоа, но во исто време ненамерно создадовме несакани ефекти. Може да се каже дека копчето за лајк беше преуспешно“, вели рој.

Во денешно време повеќето корисници се регистрираат на социјалните мрежи за, меѓу останатото, да проверат и една важна работа - дали некој ги лајкнува нивните објави. Гладни сме за валидација, а тоа е „храна“ за социјалните мрежи. Пред осум години размерите на оваа појава биле незамисливи но денес тие носат пари.

Економија на вниманието

Економија на вниманието е релативно нов термин. Ја опишува понудата и побарувачката за внимание на корисниците, а тоа е едно од добрата со кои се тргува на интернет. Бизнис моделот е едноставен: колку повеќе внимание привлекува една платформа, толку е просторот за реклами поефикасен и врз основа на тоа се извлекуваат пари од рекламите.

Но, вниманието не е пченка или нафта, и тука доаѓаме до проблем. Вниманието е човечка состојба, а нашите резерви не се неограничени и на нив влијаат работи како што се количината на сонот, работното време или бројот на деца, но и односите со пријателите кои би можеле да се уништат ако постојано висиме на нашите мобилни уреди. Во идеална ситуација, нашето ограничено внимание го „инвестираме“ само во работи кои нè прават среќни. Но, чувството на среќа кои социјалните интеракции го предизвикуваат е кратко, но интензивно и со самото тоа предизвикува зависност и нè присилува сè почесто да се враќаме и да листаме надолу.

„Мислам дека творците на социјалните мрежи немале намера да создадат платформа која ќе предизвика зависност, но бидејќи се натпреваруваат за нашето ограничено време и внимание, отсекогаш биле концентрирани на тоа искуството на платформите да биде што попривлечно“, вели Адам Алтер, автор на книгата „"Irresistible: The Rise of Addictive Technology and the Business of Keeping Us Hooked“.

Тоа може да се види и преку „YouTubе“ кој после „Facebook“ воведе формат на „like“ и „dislike“ на видеата. „Instagram“ воведе срце, а истото го направи и „Twitter“. Умовите од Силициумската долина пронашле безброј начини како да ја искористат оваа наша желба за социјална валидација.

Зависност од лајкот како зависност од коцкање


Дизајнерот и етичарот на „Google“, Тристан Хари ова го објаснува преку пример со слот машините. Ја повлекувате рачката за да добиете награда, а нешто слично правите секој пат кога ја освежувате вашата страница за да видите дали некој лајкнал нешто што сте објавиле или дали се појавила нова содржина.

Но, ова е очигледен пример. Другите и не ги забележувате.

На пример, кога ќе отворите „Instagram“ или „Twitter“, потребни се неколку секунди за да се вчитаат сите објави. Тоа не е случајно бидејќи вашите очекувања се составен дел од ова искуство. Да ја нема оваа кратка пауза, во вашиот мозок нема да се појави чувството „дали нешто освоив“, бидејќи би знаеле во истиот момент. Оваа кратка пауза не е случајна туку намерна.

Исто така, постои и елемент на социјален реципроцитет. Ако некој ве потапка на рамото, го чувствувате притисокот да го направите истото. „Facebook“ тоа го искористува и така ве известува секој пат кога некој ќе ја прочита вашата порака, а тоа ве охрабрува да одговорите бидејќи знаат дека пораката сте ја прочитале. Исто така, тоа ве тера да проверите дали и примачот ја прочитал пораката.

Тука се и оние три точки кои се појавуваат кога некој пишува порака. Можеби ве иритираат, особено ако некој пишува предолго, но помали се шансите да излезете од апликацијата ако видите дека некој има намера да ви испати одговор. Истиот принцип го има и кај „Apple“, но тука барем постои можност да го исклучите.

Но, најдобриот пример е оној на „Snapchat“ каде се гледа црвена линија која покажува колку дена поминале откако двајца корисници комуницирае последен пат. Алтер тврди дека овој додаток е толку ефективен што тинејџерите бараат од нивните пријатели да внимаваат на линиите додека се на одмор.

„Јасно е дека целта е да ја држат оваа линија во живот, а се покажа и дека тоа е поважно отколку да уживаат во платформата како социјално искуство. Тоа е јасен знак дека овој механизам повеќе поттикнува користење отколку уживање“, Алтер.

157 пати на ден

„Повеќето „push“ известувања само го одвлекуваат вниманието. Стануваме зависни од проверување на нашите телефони и тогаш се губиме во информациите кои инаку би ги оставиле за подоцна бидејќи се неважни“, вели Росенстајн.

Статистиките јасно покажуваат дека мисијата е успешна, а екипата од тимот на „Facebook“ се фали токму со овие информации. На пример, просечниот милениумец го проверува телефонот 157 пати. Тоа е најмалку 145 минути секој ден.

Не постои сомнеж дека овие бројки растат, а тоа е причина поради која Росенстајн го напушти „Facebook“ и основа сопствена компанија. Денес е ко-основач на „Asanа“, апликација која им овозможува на различни тимови да ја следат работата и проектите.

Не дозволете мобилните телефони да го имаат главниот збор

Сепак, неговата одлука не менува ништо, а Алтер смета дека нешто ќе се промени тогаш кога социјалните мрежи ќе го променат нивниот бизнис модел бидејќи сè се врти околу потребата на маркетинг агенциите, а не корисниците.

Тој смета дека корисниците сами треба да ја преземат контролата над сопствената зависност, а еден од начините е и користење на апликации кои би помогнале во тоа. Исто така, верува дека компаниите треба да бидат поодговорни.

„Ова се наши животи. Наши драгоцени, ограничени животи. Ако не бидеме внимателни, компјутерите и мобилните уреди ќе продолжат да се борат за нешто внимание“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура