X
 18.03.2026 Наука

Во 50-тите години лекарите користеле живи жаби како тест за бременост и резултатите биле точни

Во минатото постоела многу необична традиција - докторите користеле жаби за да утврдат дали пациентката е бремена, и тоа на чуден, но ефективен начин.

Овие мали суштества биле природни детектори на бременост. Жените во тоа време го користеле тестот наречен „Хогбен“ пред да се појават традиционалните тестови со стапчиња во 70-тите.

Да, пред повеќе од 50 години луѓето користеле урина и жаби за да дознаат дали некоја е бремена на тој начин што на жабите им била инјектирана урина во задните нозе. Ако жабата овулирала и носела јајца, тоа значело дека пациентката била бремена.

Како функционира ова? Хормонот на бременост, хорионичен гонадотропин, ја активира овулацијата кај жабите.

Во 1938 година д-р Елкан го опишал тестот во списанието „Бритиш медикал журнал“.

- Од 295 теста што ги направив и каде што беа искористени 2.112 жаби не видов ниту еден јасен позитивен резултат кој не укажуваше на бременост. Имаше неколку негативни резултати кои, кога се повториле по две недели, станале позитивни, но не мислам дека тоа може да се смета за неуспех - рекол тој.

Но, ова не е единствениот чуден метод за тестирање бременост пред измислувањето на тестот со стапче.

На пример, древните Египќани користеле урина на пченица и јачмен. Ако зрната никнеле, тоа значело дека жената е бремена. Ако не, тогаш веројатно ја уништиле вечерата.

Извор: Unilad.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука